0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Џејлен Браун постави рекорд во НБА (видео)

Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун ноќеска постави рекорд во НБА лигата. Тој на дуелот со Кливленд (141:103) за 19 минути и 14 секунди постигна 33 поени.

Бостон, 25 јануари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун ноќеска постави рекорд во НБА лигата. Тој на дуелот со Кливленд (141:103) за 19 минути и 14 секунди постигна 33 поени.

Според официјалниот Твитер на најсилната лига на светот, 24-годишниот Американец го има најдобриот резултат за 20 минути од сезоната 1954/55, кога беше воведена дигиталниот временска бројач.

Браун беше најефикасен играч на натпреварот на кој придодаде уште три скока и една асистенција.

По оваа победа, Бостон се искачи на третото место во Источната конференција со досегашен биланс од девет победи и шест порази. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close