0_Спорт.ПорталФудбал

Ќе го линчував Де Хеа уште на полувреме, изјави Рој Кин

Шпанецот направи кикс на почетокот, кога во една ситуација ја шутна топката во нозете на Доминиќ Калверт-Левин, по што таа се најде во неговата мрежа. Натпреварот на крајот заврши 1:1.

Манчестер, 2 март 2020 (МИА) – Во негов типичен стил, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин објави дека ќе го линчува Давид де Хеа заради неговата грешка против Евертон вчера.

Шпанецот направи кикс на почетокот, кога во една ситуација ја шутна топката во нозете на Доминиќ Калверт-Левин, по што таа се најде во неговата мрежа. Натпреварот на крајот заврши 1:1.

– Да бев менаџер или соиграч, ќе го убиев. Се колнам! Беше едноставно лудо. Што чека? Носиш брза одлука и постапуваш. Ова се клучни моменти во битката на Јунајтед за топ четири. Зборуваме за исклучително искусен голман. Што навистина сакаше да направи? Ми се чини дека ова е неразумна ароганција. Би го линчувал веќе на полувреме. Знам дека голманите прават грешки понекогаш, но тоа е едноставно неприфатливо“, беснееше Кин во студиото на „Скај Спортс“.

По натпреварот, Оле Гунар Солскјаер го одбрани Шпанецот и посочи дека понекогаш се случуваат вакви работи, но тој сигурно не бил задоволен од неговите постапки, што можеа да значат дури и пораз за тимот.

Таг
Back to top button
Close
Close