Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

E-библиотеката на Дарко Гавровски можност за наоѓање на многу историски информации за Тетово

Големиот број книги, прилози, документи и пишан материјал кои Дарко Гавроски како хроничар на градот ги користел во изминатиот период за собирање на историски податоци за Тетово ќе ги стави за јавно користење преку интернет. Тој одлучил над 200 книги кои ги има и ги користел да бидат достапни за сите.

Тетово, 8 август 2020 (МИА) –  Големиот број книги, прилози, документи и пишан материјал кои Дарко Гавроски како хроничар на градот ги користел во изминатиот период за собирање на историски податоци за Тетово ќе ги стави за јавно користење преку интернет. Тој одлучил над 200 книги кои ги има и ги користел да бидат достапни за сите.

-Мотивот како и секогаш досега е Тетово и мојата љубов кон родниот град. Во 25 години истражување има над 200 книги кои сум ги користел за разни поводи, како за пишување на моите дела, за објавување на информации и податоци на интернет страницата и групата на Фејсбук. Започнав со десетина и полека сакам да сите да бидат објавени. Вака нема да ги чувам љубоморно само јас, туку ќе ги споделам за сите идни истражувачи да можат да ги користат како што јас тоа досега сум го правел, вели Гавровски.

Во неговата е-библиотека на располагање има дела со огромно значење за историјата на Тетово, почнувајќи со „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ, напишано на црковнословенски јаик со македонски и тетовски говори пред 204 години во 1816 година.  Како значајна за Тетово, посочува српска книга за семејните слави во Tетовско, каде адетите се опишани на македонски јазик и тетовски говор.

– Бидејќи досега не е објавуван електронски, секој има раритетна можност да го види „Гласник на етнографскиот музеј во Белград“ од 1931 ггодина, каде има прилог „Семејни слави и други слави во Тетово“, во кој се опишани тетовsки семејни слави, имендени, еснафски слави и црковни слави.  Гласникот е напишан на српски јазик, но сите адети и изговори и објаснувања за славите се опишани на македонски јазик и тетовски дијалект, потенцира Гавро, како што сите го познаваат во Тетово.

Објавено е и делото „Полог-антропогеографски истражувања“, издадено во 1976 година од авторот Јован Ф.Трифуновски.

-Тоа е најдетално проучување на сите села во Полог. Топоними, историја на секое село заедно со сите родови и фамилии во секое место-кои се иселени, доселени, староседелци.  Тука е и епохалното дело на Р.Грујиќ од 1933 за средновековно Тетово и Тетовско насловено „Полошко –тетовска епархија и манастир Лешак“ (дел од Гласник на скопско научно друштво)

Онлајн објава има и на неговата книга од 2009 година насловена „Тетовски древности-Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај“.  Покрај ова дело Гавроски како хроничар на градот е автор и на делото „Тетовскиот говор, енциклопедиски речник и граматика“.  Во своето истражување за втората книга користи голема библиографија од над 600 извори-книги, списанија, пишани документи, како и стотици интервјуа.

Гавроски пред неколку години ја создаде песната „Ја го љубим Тетоо“ на тетовски дијалект, што се смета за неформална химна на градот. Има материјал за издавање уште книги-посветени на тетовските села и летопис за средновековието во Тетово.  

Голем дел од податоците и информации за Тетово, Дарко ги има поставена на интернет страницата www.gavro.com.mk што се смета за Тетовопедиа.  Има и страница на социјалната мрежа Фејсбук со речиси 10 илјади посетители. 

Сите заинтересирани можат да ја посетат Е-библиотеката на Гавровски  на следниот линк  https://fliphtml5.com/bookcase/glxlr?fbclid=IwAR2rpYObAvLV_m5akpqRxhkfkfXpe7yFp38vlh3dHsPNf019qS25m5DhiKI ас/мд/

Back to top button
Close
Close