0_Спорт.ПорталКошарка

Џеј Ар Смит главен кандидат за замена на Бредли кој одби да игра за Лејкерс во рестартот на сезоната

Кошаркарот Џеј Ар Смит, кој е слободен агент, е најверојатен кандидат за замена на Ејвори Бредли во Лејкерс, објави инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Лос Анџелес, 24 јуни 2020 (МИА) – Кошаркарот Џеј Ар Смит, кој е слободен агент, е најверојатен кандидат за замена на Ејвори Бредли во Лејкерс, објави инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Претходно, Бредли го објави своето одбивање да учествува во продолжување на сезоната 2019/20 во НБА лигата од семејни причини.

Триесет и четиригодишниот Смит играше со сегашниот лидер на Лејкерс, Леброн Џејмс  за Кливленд, а заедно станаа шампиони во лигата во 2016 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close