Biznis.SlajderБизнисБизнис.Портал

Двојно зголемен превозот на стока со железницата во четвртиот квартал лани

Во четвртото  тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот квартал од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 19,3  проценти, во железничкиот превоз е зголеменo за 50 проценти, а во воздухопловниот превоз е намаленo за 10,1 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Во четвртото  тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот квартал од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 19,3  проценти, во железничкиот превоз е зголеменo за 50 проценти, а во воздухопловниот превоз е намаленo за 10,1 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал од минатата година, во патниот патнички превоз бројот на превезени патници изнесува 1 605 000, во градско-приградскиот 19 191 000, во железничкиот 148 000, а во воздухопловниот превоз 623 546.лв/бак/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close