0_Магазин.ПорталСцена

Двојничка на Ријана ги збунува нејзините следачи (видео)

Многумина се, просто, вџашени од сличноста меѓу нив две, а меѓу нив, се чини, и самата Ријана. И таа имаше свој коментар, па се пошегува на своја сметка на еден од порталите што го споделија видеото на имитаторката.

Лос Анџелес, 17 август 2020 (МИА) – Тик-ток „ѕвездата“ Присила Беатрис се прослави преку ноќ како двојничка на пејачката Ријана и продолжува да ги збунува и нејзините и своите обожаватели.

„Личи на Ријана повеќе и од Ријана“, гласи еден од коментарите.

Девојката очигледно и имала намера, со својот стил, шминка и облека, што повеќе да личи на поп-ѕвездата.

Многумина се, просто, вџашени од сличноста меѓу нив две, а меѓу нив, се чини, и самата Ријана. И таа имаше свој коментар, па се пошегува на своја сметка на еден од порталите што го споделија видеото на имитаторката.

 

„Кога албумот, сестро? #Р9“, напиша Ријана.

Таа тоа го рече имајќи го предвид долгоочекуваниот нејзин следен албум што, според многумина, досега требаше да биде готов. Последниот, осми албум, таа го издаде 2016 година.  си/

 

View this post on Instagram

How the tables have turned. #CommentsByCelebs

A post shared by Comments By Celebs (@commentsbycelebs) on

Таг
Back to top button
Close
Close