Оригинални текстови

Движење за чист воздух: Реакција по повод соопштението до јавноста од страна на ОЈО за депонијата Дрисла

Скопје, 11 јануари 2020 

Скопје, 11 јануари 2020

До

Јавниот обвинител

Државниот инспекторат за животна средина

Министерство за животна средина и просторно планирање

Влада на РС Македонија

Град Скопје

 

Предмет: реакција по повод соопштението до јавноста од страна на ОЈО за депонијата Дрисла.

Дрисла нема А интегрирана дозвола а судот вели дека работи по сите законски прописи, стандарди и ги поседуваа сите потребни дозволи!

ЕУ директивите под итно да почнат да се следат и имплементираат! Таму се пропишани сите стандарди.

 

Движењето за чист ВОЗДУХ го изразува револтот од т.н.резолуција во предметот за работењето на депонијата Дрисла, при што надлежниот Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапуваше по допрен глас за незаконито согорување медицински отпад на депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот! Во соопштението до јавноста испратено до медиумите, се вели дека поради утврдување на фактичката состојба јавниот обвинител спровел „обемна предистражна постапка“ во рамките на која прибрал податоци и извештаи кои се однесуваат на еколошките дозволи што ги поседува депонијата и на резултатите од редовните, контролните и вонредните инспекциски надзори извршени во текот на 2017 и 2018 година. Тие соопштуваат дека „Дополнително, од страна на јавниот обвинител, на 25.02.2019 година бил формиран и истражен тим со истражители од Царинската управа и од Управата за финансиска полиција кои преземале дејствија за проверка на сомнежите пласирани во јавноста во врска со незаконит увоз и согорување медицински отпад во „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци.

Движењето за чист воздух не доби никаков записник ниту информации за  наодите од инспекцискиот надзор, ниту во соопштението тие се истакнати, туку само е спомнато дека е формиран истражниот тим. Зошто ние не само што не сме информирани туку не бевме ниту повикани како Движење за чист воздух да учествуваме во надзорот?

Анализата на прибраните извештаи покажала дека при вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина на 01.12.2017 година било констатирано дека просечните концентрации на емитуваните CO, SO2 и прашина од работењето на инсинераторот на печката за спалување медицински отпад ги надминуваат граничните вредности согласно Правилникот за гранични вредности на емисии при согорување на отпад и услови и начинот на работа на инсталациите за горење и согорување. По ова, Инспекторатот донел Решение со кое го ограничил работењето на инсинераторот за спалување медицински отпад на најмногу 8 часа во текот на еден работен ден и целосно го забранил работењето во деновите кога се надминати праговите за алармирање на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух во Скопје. Со Спогодба, правниот субјект бил задолжен да плати одмерена глоба во износ од 8.500 евра. Во истовреме, депонијата била задолжена во рок од 90 дена да ги доведе емисиите на загадувачки супстанции во воздухот во дозволените граници.

Врз основа на кои наоди беше изречена глобата? Колкави беа надминувањата, каде е записникот, каде се наведени стандардните алатки кои се употребени за да се утврди надминувањето на граничните вредности? Зошто не сме известени, бидејќи Движењето за чист воздух реагираше токму по ова прашање?

 

По овој настан, во текот на 2018 година, депонијата извршила набавка и инсталција на нови филтри и направила измени на инсинераторот за медицински отпад, а при извршените контроли од Инспекторатот било констатирано дека емисијата на загадувачки супстанции во воздухот не ги надминува граничните вредности определени со Правилникот.

Според кои стандарди мереле, кои стандарди биле земени предвид и според кои стандардни тест методи ги вршеле сите тие мерења? Дали лицата кои биле ангажирани од страна на судот и инволвирани во мерењата поседуваат валидни акредитации за оваа област? Дали депонијата има автоматизиран систем за мониторинг и дали поседува стандард и за автоматско предавање на податоците до регулаторнотио тело? Кога се мерат диоксини и фурани, PCB, жива, задолжително е да се поседува и наведе прецизен стандард за мострирање и друг стандард за детерминирање и квантифицирање. Дали се мерат тешки метали како арсен, жива, кобалт, манган, никел, олово, антимон..?

Зошто Градот Скопје не ја третира Дрисла како критична инфраструктура  како што депониите насекаде во светот се сметаат и при имплементација на ЕУ директивите (IED директивата која ги третира сите индустриски сектори/гранки во Европа, вклучително и WE  директивата), не ги зел овие стандарди кои треба да се имеплементираат час поскоро? Дали се очекува сите да умрат?

На 22.01.2019 година депонијата ги известила Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање дека печката за согорување медицински и друг вид опасен отпад е ставена вон употреба поради дефект и физички оштетувања на филтерот за прочистување издувни гасови. Дефектот бил отстранет во февруари 2019 година, а извршеното тестирање покажало дека емисијата на загадувачки супстанции во воздухот не ги надминува граничните вредности, по што печката повторно била ставена во употреба. Во меѓувреме, медицинскиот отпад се собирал и складирал во депонијата, но не се согорувал.

Повторно прашуваме кои се тие супстанци, како се направени мерењата, кои тест методи и стандарди се употребувани?

Во периодот од 22.11.2018 – 07.03.2019 година Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство поставил мерен инструмент „AIRPOINTER-Recordum“ во кругот на депонијата Дрисла со цел да мери и собира податоци за квалитетот на воздухот во близина на печката каде се согорува медицински отпад. Од извештајот од мерењата се констатира дека во најголем дел резултатите од мерењето се во дозволените граници, а во периодите кога има надминување тоа е со краток максимум од 70-80 микрограма на метар кубен што е во рамките на европскиот просек за урбани средини.

Дали Факултетот за информатички науки е акредитиран и дали поседува акредитирани тест методи за вршење вакви мерења?

Јавниот обвинител ги обезбеди и резултатите од извршените мерења и анализи на технолошката вода и на водата за пиење во депонијата Дрисла, извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје, кои исто така се во рамките на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри.

Дали ЈО побарал референци и овластувања за вршење такви испитувања? Ве молиме подетално да објасните по каква методологија се направени овие испитувања.

Кои референтни стандарди за мерење се употребени и дали се во согласност со IED директивата?

 

Врз основа на прибраните обемни податоци и релевантни докази, а особено од извршените тестирања и анализи, не произлезе дека од депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци, спротивно на прописите за заштита на животната средина, биле испуштани отровни или издувни гасови во поголемо количество со кои би се предизвикало значително оштетување на квалитетот на воздухот и опасност за животот и здравјето на луѓето, како и уништување на животинскиот и растителниот свет.

 

Со оглед на тоа, надлежниот јавен обвинител заклучи дека не постојат докази кои упатуваат на сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност и донесе одлука дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот.

Сметаме дека како голем загадувач Дрисла нема А интегрирана дозвола а судот вели дека е во ред!

Прашуваме:

Дали Дрисла го поседува стандардот EN 14181 за автотаски мониторинг систем и дали Министерството за животна средина како регулаторно тело во оваа сфера може да посочи макар една ваква инсталација која поседува ваков авотоматизиран систем? Ако не, наведете кој?

За жива, дали го поседува стандардот EN 14884 за автоматска детерминација на жива? Ако не, наведете кој?

За диоксините, дали мострирањето било според ратификуваниот стандард EN 1948-1? Дали детерминацијата и квантификацијата на диоксините и фураните е според ратификуваниот стандар 1948-3? Ако не, наведете кој?

Дали некогаш, когаи од кого, иако се предмет на WI директивата, во Дрисла се воопшто мерени HCL, хидрофлуорна киселина кои се исто така предмет на оваа директива?

Ова се сите индустрии кои се опфатени со IED директивата:

https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=http://eippcb.jrc.ec.europa.eu/reference/BREF/ROM/ROM_2018_07_02.pdf&ved=2ahUKEwj6y9DO68jmAhVjqnEKHSgRAVgQFjABegQIBxAJ&usg=AOvVaw3viC9EhIDPdkZeOCFsMfmC

https://eippcb.jrc.ec.europa.eu/reference/BREF/ROM/ROM_2018_07_02.pdf

https://eur-lex.europa.eu/eli/dec_impl/2019/2010/oj

Со надеж дека во најбрз можен рок ќе одговорите на нашите прашања, во интерес на ургентноста на проблемот, очекуваме брз одговор,

Движење за чист ВОЗДУХ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close