Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Две вечери по ред судири помеѓу група млади и полицијата во Париз

Во Вилнев ла Гаран, предградие на Париз втора ноќ по ред има судири помеѓу полицијата и група млади лица

Париз, 20 април 2020 (МИА) – Во Вилнев ла Гаран, предградие на Париз втора ноќ по ред има судири помеѓу полицијата и група млади лица.

Ригорозните мерки на карантинот можат да го загрозат тешко воспоставениот мир во сиромашните квартови во Париз.

Во саботата вечерта судирите избиле откако мотоциклист удрил во отворена врата на полициски автомобил без ознаки. Ситуацијата се смирила дури во утринските часови во неделата, за подоцна повторно група млади лица да се судрат со полицијата.

Групата фрлала петарди врз полицијата и палела канти за смет, а полицајците одговориле со солзавец.

Полицијата соопшти дека работи на смирување на тензиите во париското предградие Вилнев ла Гаран и оти во тек е истрага. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close