Дописници МКДКултураКултура.Портал

Две претстави на симфониската бајка „Петар и волкот“ во Кичево

Културен настан со две детски претстави денеска ќе се одржи пред Центарот за култура на Кичево, по повод 11 септември - Денот на ослободувањето на оваа општина.

Кичево, 11 септември 2020 (МИА) – Културен настан со две детски претстави денеска ќе се одржи пред Центарот за култура на Кичево, по повод 11 септември – Денот на ослободувањето на оваа општина.

Ќе се изведе детската симфониска бајка „Петар и волкот“ во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево, а со поддршка од Министерството за култура.

„Петар и волкот” е музичко дело напишано од Сергеј Прокофиев во 1936 година. Нараторот им раскажува приказна на децата, додека оркестарот ја илустрира така и децата се запознаваат со музичките инструменти и нивните карактеристики.

„Петар и волкот” е една од најпознатите дела на Прокофиев и едно од најчесто изведуваните дела на целиот класичен репертоар, вели Маја Николоска Силјаноска од Центарот за култура во Кичево. рз/скс/

Back to top button
Close
Close