0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Две места напредуваше македонската репрезентација на најновата рејтинг-листа на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две позиции на ранг-листата на ФИФА за септември.

Цирих, 17 септември 2020 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две позиции на ранг-листата на ФИФА за септември.

„Црвено-жолтите“ по победата над Ерменија, и нерешениот исход со Грзуија во Лигата на нации, се најдоа на 66. место на рангирањето коешто денес го изврши Светската фудбалска асоцијација.

Лидер е Белгија, пред Франција и Бразил. Во топ 10 се и: Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Аргентина и Колумбија.

Најголем скок, од шест места, направи Русија која сега е 32., а најголем пад имаат Словачка и Естонија, кои го расипаа својот пласман за четири позиции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close