Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Дваесет и седум нови случаи на заболени од новиот коронавирус во Белгија

Министерството за здравство на Белгија соопшти дека се детектирани дополнителни 27 лица заразени од Ковид-19, вкупниот број на заболени достигна 50.

Брисел, 5 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство на Белгија соопшти дека се детектирани дополнителни 27 лица заразени од Ковид-19, вкупниот број на заболени достигна 50.

-Дваесет и седум нови случаи на зараза од новиот коронавирус беа детектирани на четврти март. Шестнаесет од нив се во Фландрија, два во Брисел и девет во Валонија, повеќето се вратени од одмор во Италија и имаат благи симптоми, пациентите се изолирани и се негуваат дома или во болница, соопштија од Министерството за здравство.

Владата очекува повеќе случаи во наредните денови, но се уште не се преземаат нови мерки за спречување на епидемијата. тм/

Back to top button
Close
Close