0_Web_АктуелноSvet.SlajderБалканБалкан.Портал

Дваесет и пет години од геноцидот во Сребреница

Во Сребреница денеска се одбележуваат 25 години од геноцидот врз Бошњаците

Сараево, 11 јули 2020 (МИА) – Во Сребреница денеска се одбележуваат 25 години од геноцидот врз Бошњаците.

Во периодот од 11 до 23 јули 1996 година припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.

Поради зосторствата во  Сребреница до сега се осудени вкупно 47 луѓе на повеќе од 700 години затвор, а изречени се и четири доживотни казни, меѓу кои и за Младиќ, чија пресуда не е правосилна и за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ.

Хашкиот трибунал првата пресуда во која масакрот во Сребреница ги окарактеризира како геноцид, ја изрече за поранешниот генерал на Војската на Република Српска, Радослав Крстиќ во 2001 година.Тој правосилно е осуден на 35 години затвор поради помагање и учество во геноцид. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close