Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Дваесет и осум мигранти на бродот „Моби Заза“ се инфицирани со Ковид-19

Помеѓу мигрантите кои се во карантин на бродот „Моби Заза“, што е вкотвен во близина на сицилијанското пристаниште Порто Епедокле, 28 се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска невладината организација „Си воч“ (Sea Watch)

Рим, 24 јуни 2020 (МИА) – Помеѓу мигрантите кои се во карантин на бродот „Моби Заза“, што е вкотвен во близина на сицилијанското пристаниште Порто Епедокле, 28 се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска невладината организација „Си воч“ (Sea Watch).

Мигрантите беа преземени од „Си воч“ во меѓународни води и беа префрлени на бродот „Моби Заза“. На бродот вчера беа тестирани 209 мигранти.

Еден од мигрантите од бродот е префрленм во болница во Калтанисети на Сицилија. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close