Дописници МКДОпштински вести

Дваесет деца Роми од предучилишна возраст во Делчево ослободени од плаќање партиципација

Вкупно 20 деца од ромска националност на возраст од 3 до 6 години ќе бидат ослободени од партиципација за престој во Детската градинка „Весели Цветови” во Делчево.

Делчево, 15 јануари 2020 (МИА) – Вкупно 20 деца од ромска националност на возраст од 3 до 6 години ќе бидат ослободени од партиципација за престој во Детската градинка „Весели Цветови” во Делчево.
Како што информираше советникот за образование, социјална и здравствена заштита на децата Ванчо Новоселски, согласност за оваа мерка, покрај од општината, има и од делчевските советници кои позитивно се изјаснија за нејзина реализација.
-Партиципацијата за ослободување на споменатата категорија деца ќе биде поддржана и од Општина Делчево во период од 1 јануари до 31 август 2020 година, односно во наредните 8 месеци. Одлуката беше изгласана со 13 гласа „за“ и 1 глас „против“ што според мене е потврда на работата на Советот дека мерката е оправдана и насочена кон поддршка на семејствата од малцинските заедници кои не можат да си дозволат да го покријат целиот износ за престој на нивното дете во градинка, рече Новоселски.
Во иднина како што додаде ќе бидат разгледани можностите за воведување вакви мерки и кај останати семејства, кои имаат потреба од слични услуги.
Согласно договорот меѓу Министерството за труд и социјална политика и Фондот за поддршка на Ромите на државно ниво, со оваа мерка ќе бидат опфатени 450 деца Роми од неколку општини. вс/ир

Таг
Back to top button
Close
Close