0_Web_Насловна-слајдерСветСвет.Портал

Два острова во Индонезија целосно исчезнаа поради глобалното затоплување

„Бетските и Гундулските острови сега се наоѓаат на 1-3 метри под морското ниво“, рече шефот на Форумот за заштита на животната средина.

Сингапур, 16 јануари 2020 (МИА) – Два ненаселени острова во индонезиската провинција Јужна Суматра се целосно исчезнати под вода како резултат на зголемувањето на нивото на морето предизвикано од глобалното затоплување. Тоа го објави весникот „Стрејт тајмс“, цитирајќи ги податоците од локалниот Форум за заштита на животната средина.

„Бетските и Гундулските острови сега се наоѓаат на 1-3 метри под морското ниво“, рече шефот на таа невладина организација, Хајрул Собри.

„Доколку не се преземе итна акција, на уште четири острови во рамките на таа провинција им се заканува исчезнување“, предупредува експертот. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close