0_Спорт.ПорталФудбал

Два МЛС клуба покажуваат интерес за Пасторе

Играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе е во сферата на интересот на два клуба во американската МЛС, јавуваат италијанските медиуми.

Рим, 6 јуни 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе е во сферата на интересот на два клуба во американската МЛС, јавуваат италијанските медиуми.

Според„ Sky Sport Italia“, за фудбалерот се заинтересирани Лос Анџелес галакси и Сиетл саундерс.

Рома е подготвена да се раздели со фудбалерот заради високата плата и неговите настапи кои не ги оправдаа очекувањата на клубот. Веројатно е дека Аргентинецот својата кариера ќе ја продолжи во Северна Америка.

Триесетгодишниот фудбалер оваа сезона има одиграно 13 натпревари за Рома на сите турнири и направи две асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close