Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Два физички напада и еден приведен поради нарушување јавен ред и мир

Дваесет и едногодишник од Гургурница вчера во тетовската полиција пријавил дека околу 15 часот и 10 минути на паркинг во близина на зелениот пазар во Тетово, физички бил нападнат од непознато лице. Според пријавителот лицето излегло од патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, а на нападот му претходела нивна меѓусебна вербална расправија.

Тетово, 28 април 2020 (МИА) – Дваесет и едногодишник од Гургурница вчера во тетовската полиција пријавил дека околу 15 часот и 10 минути на паркинг во близина на зелениот пазар во Тетово, физички бил нападнат од непознато лице. Според пријавителот лицето излегло од патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, а на нападот му претходела нивна меѓусебна вербална расправија.

-Дваесет и деветгодишник од Челопек пријавил дека дека околу 18 часот и 30 минути во селото физички бил нападнат од Љ.К.(30) од истото село.Се расчистува и документира случајот, информира денес СВР Тетово.

Вчера (27 април) околу 13 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот Г.С. од тетовско Жеровјане, кој претходно го нарушил јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување. По целосно расчистување и документирање на случајот против Г.С. ќе следува соодветен поднесок.ас/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close