0_Спорт.ПорталРакомет

Два дополнителни дена за продажба на сезонските билети за натпреварите на РК Вардар

На барање на повеќемина верни навивачи кои поради различни причини не беа во можност навреме да обезбедат сезонски билет, им излегуваме во пресрет и истото ќе може да го сторат и денеска и утре (среда и четврток), 15 и 16 септември 2021 година, соопштија од РК Вардар.

Скопје, 15 септември 2021 (МИА) – На барање на повеќемина верни навивачи кои поради различни причини не беа во можност навреме да обезбедат сезонски билет, им излегуваме во пресрет и истото ќе може да го сторат и денеска и утре (среда и четврток), 15 и 16 септември 2021 година, соопштија од РК Вардар.

Продажбата на билетите за средбите на „црвено-црните“ на домашен терен ќе се врши
онлајн на www.kupikartizase.com и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија.

За натпреварите на Вардар домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански” ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.

По завршување на дополнителниот рок доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест, или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата без оглед дали гледачот има купено билет (сезонски или индивидуален). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close