Дописници МКДОпштински вести

Двајца жители на кочанското село Теранци попречувале при фаќање на дрвокрадци

Штип, 28 декември 2020 (МИА) – Двајца жители на селото Теранци во Општина Чешиново-Облешево ги попречувале полициските службеници и шумската полиција да фатат возило кое пренесувало дрва од нелегална сеча.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека настанот се случил вчера, а полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани го лишиле од слобода 50-годишниот Т.Ѓ. од село Теранци, бидејќи на патот меѓу селата Видовиште и Теранци со патничко моторно возило „ланд ровер“ ги спречувал полициските службеници кои во содејство со службени лица од Шумската полиција преземале службени дејствија.

Од страна на полициски службеници, а во врска со случајот бил приведен и 20 годишниот  В.Ѓ. од село Теранци, затоа што агресивно се однесувал кон нив при преземање на службени дејствија. Полициски службеници со потврда го одзеле патничкото возило „ланд ровер“ и по комплетирање на случајот против Т.Ѓ. и В.Ѓ. ќе бидат поднесени соодветни пријави. вдј/дма/

Back to top button
Close
Close