Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа во близина на Загреб

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска по 16 часот кај одмориштето Јежево на автопатот А3, соопшти загрепската полиција.

Загреб, 9 септември 2020 (МИА) – Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска по 16 часот кај одмориштето Јежево на автопатот А3, соопшти загрепската полиција.

Во несреќата учествувале три товарни возила и два патнички автомобили, а по несреќата голем пожар ги зафатил камионите, при што се слушнале помали детонации и се кренал облак од густ црн чад.

Хрватски Индекс, повикувајќи се на пожарникарите на терен, јави дека во едниот камион имало буриња со засега непозната супстанца и веројатно оттаму се детеноациите. Вториот камион превезувал хартија, а третиот е шлепер со арматури.

Сообраќајот во двата правци на автопатот А3 е прекинат, а Хрватскиот авто-клуб предупредува дека колоните на возила во двата правци се долги околу два километри.

Сè уште не е познато како се случила несреќата, а полицијата наведува дека истрагата ќе се спроведе веднаш штом ќе се исполнат условите. ссм/

Back to top button
Close
Close