0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Двајца вработени во кумановската болница повторно позитивни на Ковид-19

Надлежните од кумановската општа болница денеска потврдија дека двајца нивни вработени, повторно се заразени од Ковид 19, откако претходно на почетокот на пандемијата го прележале заболувањето.

Куманово, 29 јуни 2020 (МИА) – Надлежните од кумановската општа болница денеска потврдија дека двајца нивни вработени, повторно се заразени од Ковид 19, откако претходно на почетокот на пандемијата го прележале заболувањето.

Директорката на болницата д-р Снежана Захариева вели дека станува збор зa вработена во очно одделение и за медицинска сестра од хирургија.

– Сето ова е непознаница за нас. Двете го прелажаа заболувањето претходно, изјави Захариева.

Вработената од очното одделение отишла да дарува плазма и при контрола и бил потврден вируот.

– Во моментов добро се чуствува, има блага малаксаност, вели Захариева.

Таа појасни дека медицинската сестра од хирургија била позитивна на Ковид-19 на почетокот на епидемијата, со лесна клиничка слика. Пред две недели, се пожалила дека не и добро, биле направени иследувања, повторно имала симптоми, но сега е подобро.

– Не знаеме како се заразиле, немаат позитвна епидемиолошка анкета, вели Захариева.

Од почетокот на пандемијата во кумановската болница имаше значителен број на заразен здравствен персонал, кој подоцна се излекува и се врати на работните места.

Во моментов на инфективното одделение болнички се лекуваат 15 лица со средно-тешка клиничка слика, а шестмина од нив се на кислородна поддршка. ам/мс/

Back to top button
Close
Close