Дописници МКДОпштински вести

Двајца приведени поради снимање и навредување полицајци

Тетовската полиција вчера бележи два случаи во кои полициски службеници од страна на граѓани биле неовластено снимани како и навредувани и омаловажувани. Првиот инцидент е околу 15 часот и 40 минути, на кружниот тек на улиците „Маршал Тито“ и „Благоја Тоска“ во Тетово.

Тетово, 3 јули 2020 (МИА) – Тетовската полиција вчера бележи два случаи во кои полициски службеници од страна на граѓани биле неовластено снимани како и навредувани и омаловажувани. Првиот инцидент е околу 15 часот и 40 минути, на кружниот тек на улиците „Маршал Тито“ и „Благоја Тоска“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец А.М., кој ги навредувал, омаловажувал и неовластено ги снимал полициските службеници кои преземале службени дејствија. А.М. задржан е во полициската станица Тетово за расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Подоцна во текот на денот, околу 18 часот и 35 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода Т.Т. (48) од градот. Таа исто така неовластено ги снимала полицајците додека преземале службени дејствија. ас/ир

Back to top button
Close
Close