0_Web_Насловна-слајдерMakedonija.SlajderДописници МКДОпштински вести

Двајца позитивни на Ковид-19 починаа на штипското Инфективно одделение

На Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти со Ковид - 19.

Штип, 25 јуни 2020 (МИА) – На Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти со Ковид – 19.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека станува збор за пациенти на возраст од 80 и 75 години. Осумдесетгодишниот пациент на Инфективното одделение е хоспитализиран на 5 јуни, состојбата му беше тешка во текот на лекувањето и беше со кислородна поддршка. Додека 75- годишниот пациент е деносен вчера во претпладневните часови со симптоми на коронавирусот, починал неколку часа по хоспитализацијата, а брисот дека е позитивен пристигнал постмортем. Двајцата пациенти претходно имале други здравствени проблеми.

На Инфективното одделение во моментов се хоспитализирани 22 пациентите од општините од источниот регион, а двајца се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од земените брисеви. За само една недела од коронавирисот во штипската Клиничка болница починаа тројца пациенти, минатата недела почина 63- годишна жена. вдј/рп/

Back to top button
Close
Close