Дописници МКДОпштински вести

Двајца новозаболени од Ковид-19 во општините Куманово и Липково

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира две новозаболени лица од Ковид 19, по еден во општините Куманово и Липково, соопштија денеска надлежните. Едно лице е оздравено.

Куманово, 26 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира две новозаболени лица од Ковид 19, по еден во општините Куманово и Липково, соопштија денеска надлежните. Едно лице е оздравено.

– Двајцата новозаболени потекнуваат од веќе познати кластери, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Извршени се 35 тестирања од нив 20 по „Мој термин“ и 15 според епидемиолошки индикации.

Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на ЦЈЗ Куманово, од почетокот на епидемијата со Ковид-19, дијагностицирани се 725 лица, а во моментов активни се 269 случаи. ам/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close