0_Спорт.ПорталФудбал

Двајца кандидати за тренерското место во Тотенхем

Тотенхем започна да бара нов тренер. По отказот на Жозе Мурињо, клубот не се одлучи за постојан шеф на стручниот штаб, но сега клубот има двајца кандидати, пишува „Дејли експрес“.

Лондон, 3 мај 2021 (МИА) – Тотенхем започна да бара нов тренер. По отказот на Жозе Мурињо, клубот не се одлучи за постојан шеф на стручниот штаб, но сега клубот има двајца кандидати, пишува „Дејли експрес“.

Станува збор за селекторот на белгиската репрезентација, Шпанецот Роберто Мартинез и за португалскиот тренер и предводник на Вулверхемптон, Нуну Еспирито Санто.

Се пренесува дека „мамузите“ веќе стапиле во контакт со шпанскиот специјалист и може да потпишат договор со него по завршувањето на Евро 2020 кое ќе се игра претстојното лето. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close