ЕвропаЕвропа.Портал

Двајца членови од делегацијата на киргистанскиот претседател во Москва позитивни на Ковид-19

Претседателот на Киргистан, Соронбај Жеенбеков, кој допатува во Москва за да присуствува на Парадата на победата се враќа во Бишкек, бидејќи две лица од неговата делегација се позитивни на Ковид-19

Москва, 24 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Киргистан, Соронбај Жеенбеков, кој допатува во Москва за да присуствува на Парадата на победата се враќа во Бишкек, бидејќи две лица од неговата делегација се позитивни на Ковид-19.

Амбасадата на Киргистан во Москва соопшти дека Жеенбеков е добро. Исто така беше наведено дека во дипломатската мисија ќе се преземат дополнителни санитарни и епидемиолошки мерки.

Жеенбеков откако ќе се врати во Бишкек ќе биде во самоизолација се додека не пристигнат резултатите од тестот.

Кај двајцата членови од киргистанската делегација новиот коронавирус е откриен откако вчера биле тестирани по пристигнувањето во Москва. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close