0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Дурант: Дури и да бев здрав, пак немаше да играм

Во интервју за „ЦиБиЕс Спортс“, двократниот шампион со Голден Стејт откри дека ситуацијата со коронавирусот ќе го спречила да замине за Орландо, дури и ако се опоравил и бил подготвен да игра.

Бруклин, 26 јуни 2020 (МИА) – Како што се очекуваше, sвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурант нема да учествува во плеј-офот на сезоната во Орландо. Ова се должи на повредата на Ахиловата тетива што крилниот напаѓач ја доби во минатогодишниот плеј-оф, но всушност, дури и без тоа, Дурант веројатно не би настапил годинава.

Во интервју за „ЦиБиЕс Спортс“, двократниот шампион со Голден Стејт откри дека ситуацијата со коронавирусот ќе го спречила да замине за Орландо, дури и ако се опоравил и бил подготвен да игра.

– Во моментов се чувствувам како да веројатно немаше да играм заради многуте непознати страни околу оваа луда ситуација со сите овие нови случаи. Тоа е толку непредвидливо. Лесно е за мене сега да го кажам тоа затоа што сум повреден, но веројатно не би одел во Орландо, рече тој. Дурант

Неколку играчи веќе се откажаа од настап од последната фаза од сезоната, како што се Ејвори Бредли и Дејвис Бертанс.

Ситуацијата во Орландо не е воопшто розова поради бројните случаи на КОВИД-19 во последните денови.

Таг
Back to top button
Close
Close