Политички партии

ДУИ го поздравува новата инвестиција во економската зона во Тетово со 1.500 нови работни места

Во технолошкaта индустрискa развојна зона во Тетово, се постави камен-темелник на новата инвестиција на компанијата „Леар“ и „Нормак“, инвестиција што ќе овозможи 1.500 илјади нови работни места.

Тетово, 7 мај 2021

Во технолошкaта индустрискa развојна зона во Тетово, се постави камен-темелник на новата инвестиција на компанијата „Леар“ и „Нормак“, инвестиција што ќе овозможи 1.500 илјади нови работни места.

Дел од оваа церемонија беше и претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети кој ја поздрави новата инвестициска иницијатива од компанијата Леар и Нормак, потенцирајќи дека како партија работат за што подобри економски политики за странските инвеститори кои ќе решат да инвестираат во нашата земја.

Заедно со претседателот Ахмети, присутни на свечената церемонија на новата инвестиција беа и првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби, министерот за Финансии г. Фатмир Бесими, министерот за Надворешни работи, г. Бујар Османи, министерот за Економија г. Крешник Бектеши, градоначалничката на Тетово, г-ѓа Теута Арифи и други функционери.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во Тетово е позната како една од најуспешните во земјата и досега има многу странски и локални компании кои со својот капацитет вработиле илјадници граѓани од Тетово и околината. До денес, во оваа економска зона се инвестирани 40 милиони евра, додека инвестицијата со која денес се постави камен
темелникот достигна вредност од 15 милиони евра.

Воедно, Владата го заврши процесот на инвестирање на приватниот партнер и сопственоста на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, со што се дава предност на странските и домашните компании кои изразуваат интерес за инвестирање во Република Северна Македонија.

Според податоците за економските зони во земјата, соработката на компаниите има постигнато голема вредност и покрај фактот што компаниите кои работат во рамките на слободните економски зони досега извезле производи вредни милијарди евра.

Анализите на Економскиот центар покажуваат дека секоја странска инвестиција во земјата носи придобивки во однос на создавањето нови работни места и тоа е докажано во последните години врз основ на податоците во врска со стапката на невработеност.

Демократска Унија за Интеграција

______________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close