ПолитикаПолитички партии

ДУИ ги претстави мерките за закрепнување на економијата

Претставниците на Владата од редовите на Демкратската унија за интеграција на прес-конференција во партиското седиште во Скопје денеска ги претставија донесените мерки за закрепнување на економијата.

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Претставниците на Владата од редовите на Демкратската унија за интеграција на прес-конференција во партиското седиште во Скопје денеска ги претставија донесените мерки за закрепнување на економијата.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи истакна дека третиот пакет мерки заедно со двата претходни пакети што се во фаза на имплементација, претставува заокружување еден широк на план за справување со економските и социјалните предизвици од пандемијата.

Покрај мерките што беа прифатени и станаа дел официјалниот пакет на Владата, Османи истакна и две мерки за кои постигнале договор и кои ќе бидат утврдени во иднина за финансиската поддршка за медиумите.

– Оценивме дека освен здравствените работници кои се во првата линија во борбата против пандемијата за кои донесовме одлука за пораст на платите за 20 отсто за два месеци за инфективните клиники и центрите за јавно здравје и медиумските работници беа тиа кои беа на фронт за да дадат соодветни и точни информации за граѓаните за да се чуват од пандемијата, затоа предложивме за 50 отсто од придонесите за медиумските работници да се скратат за три месеци, додека другиот дел да се репрограмира да се плати со рати од септември, рече вицепремиерот Османи.фф/лв/

Back to top button
Close
Close