Политички партии

ДУИ: Фракција на ДПА клевети, Таравари бесрамно ги имплицира Тирана и Приштина

Демократската унија за интеграција смета дека секое јавно појавување на фракцијата ДПА на Мендух Тачи, ЛР ДПА и нејзините експоненти, го обелоденува нивниот страв до коска од директно соочување со ДУИ и доживување на петтиот последователен неуспех во изборните процеси од нивната фракција со ДПА или седумнаесетиот неуспех во целина.

Скопје, 10 јануари 2020

Демократската унија за интеграција смета дека секое јавно појавување на фракцијата ДПА на Мендух Тачи, ДР во ДПА и нејзините експоненти, го обелоденува нивниот страв до коска од директно соочување со ДУИ и доживување на петтиот последователен неуспех во изборните процеси од нивната фракција со ДПА или седумнаесетиот неуспех во целина.

Апсолутно ги поразивме уште од 2002 година до денес, но особено на парламентарните избори во 2016 година, потоа на локалните избори каде што нивниот гпретседател, откако ја напушти ДПА, изгуби во неговиот град, продолжувајќи со предвремените избори во Дебар, како и претседателските.

И по 4 порази од ДУИ, како и неподржувањето на референдумот за НАТО и ЕУ, ниту еден од нив немаше храброст да сноси демократска, морална и политичка одговорност и ова говори за недостаток на почитт кон волјата на граѓаните од овој субјект.
Нашиот поранешен владин партнер, во постојани напори за да ги задскрије последователните порази, како и да создаде секојдневни скандалозни лажни вести,  безсрамно ја имплицира Тирана и Приштина и другите партии во нивниот дефетистички и разочарувачки приказни.
Слично постапија и при создавањето на приказната за “Тиранската платформа”, создавајќи им аргументи на македонската опозиција, нивниот идеолошки партнер.
При вакви околности, кога и ДР на ДПА нема никакви сомнежи во следната победа на Демократската Унија за Интеграција, повторно одлучи да ја користи својата стратегија од претседателските и локалните избори кога побараа други партии и лица да ги обвинат за поразот кој им тежи.
Скандалозните наводи на Таравари и ДР во ДПА за вмешување на “странските фактори” и барањето на спас од следниот пораз од другите фактори, другите партии и лажните вести за да се урне се што е постигнато ќе бидат казнети од граѓаните.
За жал, граѓаните се сведоци дека единствената агенда на фракцијата на ДПА е деструктивност, провокација за клевета, производство на лажни вести, пропаганда и измама.
Демократска унија за интеграција

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close