0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

ДУИ достави предлог-мерки за економско закрепнување до Владата

Скопје, 11 мај 2020

Скопје, 11 мај 2020

Денеска во штабот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Тетово се одржа следниот состанок на Секретаријатот за економија и финанси, на кој се дискутираше и се подготвија социјални и економски сет на мерки со цел закрепнување на економската и социјалната состојба на граѓаните и приватниот сектор, како одговор на последиците предизвикани од КОВИД19.

Предложените мерки ќе обезбедат поддршка за економијата со главен фокус во создавањето на работни места, одржување на социјалната и здравствената безбедност за граѓаните, но и помош за сите погодени од оваа криза.

ДУИ останува на ставот да нема намалување на платите во јавната администрација, додека за зголемување на потрошувачката предлагаме директна финансиска помош за граѓаните.

Нашата главна порака е дека зголемувањето на јавната и приватната потрошувачка ќе го поттикне економскиот раст.

За таа цел, потребно е во овој момент да се забрза реализацијата на сите капитални инвестиции планирани за 2020 година. Предлогот на ДУИ за наредниот период е фокусот да се стави на реализацијата на сите градежни проекти: во изградбата на училиштата, градинките, спортските сали, патна инфраструктура, интензификација на градбата на гасната мрежа, инвестиции во водоводна и канализациона мрежа, но и енергетска ефикасност на објектите.

Секретаријатот за економија и финансии (СЕФ) констатираше дека првиот и вториот пакет на социо-економска помош на Владата, позитивно влијаеше на зачувувањето на работните места и одржувањето на ликвидноста на локалните компании.

СЕФ смета дека сега е време Владата да излезе со трет пакет за социо-економско закрепнување, со фокус на стимулирањето на приватната потрошувачка преку таргетирање на граѓаните, ранливите социјални категории, деловните активности и особено микро, малите и средните претпријатија.

За да се стимулира домашната економија, предлагаме мерки за зголемување на локалното производство, што би се реализирале со поттикнување на граѓаните да купуваат локални производи, но и преку финансиска поддршка за зголемување на земјоделското производство.

ДУИ ѝ предлага на Владата сет нови мерки за најпогодените сектори како што се: туризмот, гастрономијата, транспортот, микро и мали претпријатија, индивидуални занаетчии, но и стимулирање на дигиталната економија.

Секретаријатот ги разгледуваше и изворите за финансирање на третиот пакет социо-економски мерки, вклучително и ре-алоцирањето на буџетските средства и заеми од меѓународни финансиски институции, како и издавањето на државни записи и еврообврзници по потреба.

Ова се само дел од мерките. Како што ДУИ предложи за првиот и за вториот пакет предлог мерки, така и за третиот социо-економски пакет, мерките ќе бидат доставен до Влада, со што се цели кон поддршка на домашната економија и поддршка на граѓаните за надминување на предизвиците во овој период.

Со овие мерки, ние создаваме можност за брзо надминување на оваа криза, со помали последици за сите нас.

Демократска унија за интеграција

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close