Политички партии

ДУИ: АА им се потсмева на илјадниците жртви на коронавирусот

Демократската Унија за Интеграција остро ја осудува ѓаволската и смртната клетва на АА Гаши кон сите граѓани со која ги проколнуваат граѓаните со желбата да се заразат со смртоносниот коронавирус.

Скопје, 12 март 2020

Демократската Унија за Интеграција остро ја осудува ѓаволската и смртната клетва на АА Гаши кон сите граѓани со која ги проколнуваат граѓаните со желбата да се заразат со смртоносниот коронавирус.

Додека ние во ДУИ се обидуваме да ги почитуваме упатствата на Светската Здравствена Организација како и на Министерството за здравство преку прилагодување на нашата кампања и преку подготовка и распределување на секојдневни здравствени совети за граѓаните, АА им посакува на граѓаните да се заразат со овој смртоносен вирус.

Ова проколнување е потценување и потсмевање со илјадниците жртви од овој вирус си со стравот на граѓаните од последиците од оваа болест.

Додека целиот свет се бори да се спасат човечки живот, АА пожелува заразување и смрт на сите тие граѓани што не ја гласаат оваа партија.

Демократската Унија за Интеграција им се придружува на илјадниците граѓани кои бараат итно разрешување и оставка на челниците на АА кои ги проколнуваат граѓаните и шират злокобни мисли посакувајќи им нив заразување и фатални последици.

За жалење се агендите на коалицијата Гаши-Села против исламскиот превез, против администраторите и за заразување на граѓаните со смртоносниот вирус.

Оставка сега и веднаш! Граѓаните очекуваат и бараат одговорност. Ова е неприфатливо.

Демократска унија за интеграција – ДУИ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close