0_Магазин.ПорталЗанимливости

Дубаи: Бурџ Калифа во боите на кинеското знаме во знак на солидарност

Досега во Кина од вирусот починаа 362 луѓе, над 17.300 се заразени, а освен во Кини, тој се појави и во други 26 земји ширум светот.

Дубаи, 3 февруари 2020 (МИА) – Најголемата зграда во Дубаи, Бурџ Калифа беше осветлена во црвено, односно во бојата на кинеското знаме, а сè тоа во знак на солидарност поради епидемијата на коронавирусот во таа земја.

На зградата висока 825 метри, испишан е и познатиот кинески слоган „одиме понатаму”.

Досега во Кина од вирусот починаа 362 луѓе, над 17.300 се заразени, а освен во Кина, тој се појави и во други 26 земји ширум светот.

Забележан е и еден смртен случај надвор од Кина, на Филипините, каде кинески државјанин почина како последица од коронавирусот. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close