Политички партии

ДС: Да се преиспитаат дел од мерките

Скопје, 10 април 2020

Скопје, 10 април 2020

Демократскиот сојуз предлага Кризниот штаб најитно да направи теренска анализа на мерките со кои се предвидува за возрасните на 67 години да можат да се движат од 10 до 12 часот и за сите забраната на движење од 16 часот, поради тоа што пред банките, аптеките, продавниците за леб, храна и заштитни средства на отворените пазари, се создаваат гужви, луѓето не се одалечени повеќе од два метра еден од друг, не се носат маски, ракавици и сл.

Наместо дистанца која го ограничува ширењето на вирусот, со гужвите што се создаваат и блиските контакти објективно можно е ширење на коронавирусот и загрозување на здравјето на граѓаните.

Очекуваме Комисијата за заразни болести непосредно да ги процени ефектите од мерките кои ги предлага и да предложи корекции на истите доколку не ги даваат очекуваните резултати.

Инаку, Демократскиот сојуз како и досега ги повикува граѓаните доследно да ги почитуваат мерките на здравствените власти и Владата насочени кон спречување на ширење на епидемијата и заштита на здравјето на граѓаните.

Демократскиот сојуз

_________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close