0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Државниот карантин се заменува со домашна самоизолација со направен ПЦР тест

Доколку лицата вратени од странство со хуманитарни летови или конвои во последените 72 часа пред да влезат во територија на Република Северна Македонија, имаат направено ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација, одлучи денеска Владата на РСМ.

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Доколку лицата вратени од странство со хуманитарни летови или конвои во последените 72 часа пред да влезат на територија на Република Северна Македонија, имаат направено ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19, наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

Како што соопшти владината прес-служба ова е предвидено со изменета и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои донесени на денешната седница на Владата. оџ/скс/

Back to top button
Close
Close