Оригинални текстови

Државен инспекторат за земјоделство: Невистините се наводите на дополнителниот заменик Трипуновски

Инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство изминативе две недели се постојано на терен и вршат контрола на откупот на  зелка и други рано градинарски земјоделски производи. Покрај инспекторите од Струмица, анагажирани се и инспекторите од Скопје и од другите градови на државата.

Скопје, 10 април 2020

Инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство изминативе две недели се постојано на терен и вршат контрола на откупот на  зелка и други рано градинарски земјоделски производи. Покрај инспекторите од Струмица, анагажирани се и инспекторите од Скопје и од другите градови на државата.

Досега се извршени преку 70 надзори над откупот на земјоделски производи во Струмичкиот, Валандовскиот и Гевгелискиот регион. Изготвени се повеќе записници, а дел од нив се изготвуваат. Констатирани се одредени неправилности и непочитување  на законите и подзаконски акти кај одредени компании кои се занимаваат со откуп на земјоделски производи  и изречени се повеќе казни, поведени се постапки за порамнување и се изготвуваат и прекршочни пријави. Покрај контролите на откупните пунктови започнати се и детални контроли во седиштата на овие компании на севкупното нивно работење. Сите овие активности се одвиваа интезивно и покрај сложените услови предизвикани од пандемијата.

Овие инспекциски надзори интезивно ќе продолжат и во наредниот период и ќе се спроведуваат неселективно. Сите оние кои ќе ги прекршат прописите ќе бидат санкционирани.

Вчера дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски даде изјава во повеќе медиуми дека инспекторите не можел ги види  на терен, што е апсолтна невистина и информирани сме дека тој разговарал веќе со некои откупувачи каде што е извршен инспекциски надзор. Можеме да констатираме дека изнесување на невистини и омаловажување на работата на инспекторите, особено во вакви сложени услови не се потребни. Само да се потсетиме дека вакво негирање на работењето на Државниот инспекторат за земјоделство од Трипуновски беше изнесувано и за време на откупот на тутунот кога беа  откупени  над 99% од договорените количини на тутун по историски највисока цена, при што за време на откуп на тутунот   Државниот инспекторат за земјоделство изврши преку 4.000 инспекциски надзори.

Воедно ја користиме оваа прилика да потенцираме дека според податоците на Царинската управа оваа година се извезени над  21.000 тони зелка. Фитосанитарните инспектори  на Државниот инспекторат за земјоделство ,заедно со вработените во Царинската управа, работеа без прекин до вечерните часови со што се овозможи извозот на зелката и на другите раноградинарски производи да се реализира без било каков засотој.

 

Државен инспекторат за земјоделство

в.д Директорд-р Зоран Шапуриќ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close