0_Спорт.ПорталФудбал

Дрес на Лука Модриќ продаден за рекордни 7.000 евра

Сега, поради коронавирусот, по натпреварите фудбалеритре не смеат да ги разменуваат носените дресови со своите противници, па тие остануваат во клубот. Потоа одат на посебно чистење со дезинфекциски средства, а потоа на наддавање наац интернет-страницата на компанијата „Меч-ворн-ширт“ (МВЦ), која има договор со фондот.

Мадрид, 22 јуни 2020 (МИА) – Фудбалскиот клуб Реал Мадрид одлучи – по секој одигран натпревар, дресовите на играчите да ги стави на наддавање. Собраните пари ќе одат во клупскиот Фонд за социјални и спортски проекти.

Така, на пр., дресот на Лука Модриќ од овонеделниот натпревар со Ејбар, беше продаден за 7.000 евра. Тоа е највисоката цена платена за дрес од Реал Мадрид воопшто.

Сега, поради коронавирусот, по натпреварите фудбалеритре не смеат да ги разменуваат носените дресови со своите противници, па тие остануваат во клубот. Потоа одат на посебно чистење со дезинфекциски средства, а потоа на наддавање наац интернет-страницата на компанијата „Меч-ворн-шрт“ (МВЦ), која има договор со фондот.

Дресот на Модриќ го купил Американец. Во истовреме, дресот на Еден Хазар е продаден за 3.200 евра, а оној на стоперот Едер Милито достигна цена од 839 евра.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close