Дописници МКДКултура.ПорталОпштински вести

Драмските аматери од Кичево ја подготвуваат претставата „Ако останеш дома“ на Карој Сакони

Иако не добија официјална потврда дека можат да ја променат драмската претстава што е во склад со протоколите од Ковид-19, сепак, драмските аматери од Кичево, кои работат во рамките на Центарот за култура, започнаа со подготовка на претставата „Ако останеш дома“ на унгарскиот драматург Карој Сакони, потврди носителот на една од главните улоги и режисер, Михајло Петрески.

Кичево, 13 мај 2021 (МИА) – Иако не добија официјална потврда дека можат да ја променат драмската претстава што е во склад со протоколите од Ковид-19, сепак, драмските аматери од Кичево, кои работат во рамките на Центарот за култура, започнаа со подготовка на претставата „Ако останеш дома“ на унгарскиот драматург Карој Сакони, потврди носителот на една од главните улоги и режисер, Михајло Петрески.

-По исклучувањето на можноста поради голем број на актери на сцената во исто време, да ја подготвиме драмата на Видое Подгорец „Белото циганче“, побаравме мислење од Министерството за култура пред еден месец, дали можеме да ја подготвиме драмската претстава „Ако останеш дома“, на унгарскиот писател Карој Сакони и до денес немаме повратен одговор. Ако се има предвид дека во нашиот Центар за култура невозможно е да се работи во студениот дел од годината, поради немање на затоплување,, одлучивме да почнеме со подготовка на драмата на унгарскиот автор, истакна актерот и режисер Михајло Петрески.

Тој посочи дека станува збор за драмска претстава со двајца актери, што е во склад со протоколите во еден момент да нема повеќе актери на сцената и додаде дека оваа претстава во тој поглед може даги задоволи и најстрогите критериуми за театарски претстави.

Петрески истакна дека до средината на летото оваа драма ќе биде целосно подготвена и ќе може да биде премиерно изведена и најави дека до средината на есента во план е да подготви уште еден драмски текст.

Потсети дека и по цена финансиски да не бидат поддржани од Министерството за култура со 50.000 денари , како што беше планирано со Програмата за годинава, сепак тие ќе ја подготват оваа драмска претстава и за два месеца премиерно ќе ја изведат.

За женската улога во оваа драмска претстава избрана е Ивона Танеска, талентирана актерка од Кичево која во оваа дејност е полни 20 години.

-Покрај мене во оваа драмска претстава женската улога ќе ја толкува Ивона Танеска, која уште пред 25 години беше членка на драмската секција и многу успешно ја одигра улогата на Хајди и се очекува и во оваа драмска претстава да биде на висина на задачата, додаде Петрески. за/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close