Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Драмски го продолжува прекинот на репертоарот до 13 март

Драмски театар - Скопје го продолжува прекинот на репертоарот до 13 март.

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Драмски театар – Скопје го продолжува прекинот на репертоарот до 13 март.

Како што соопшти утрово, ваквата одлука е донесена по препорака на Владата која го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи ограничувањето на јавните собири и настани.

Граѓаните кои купиле билети ќе може да ги заменат за друга претстава или ако сакаат, парите ќе им бидат вратени.

За 10, 11 и 12 март на репертоарот беа „Крал Иби“, „Странци“ и „Фестен“. мч/са/

Back to top button
Close
Close