Дописници МКДОпштински вести

Драмската претстава„ Непотизам“ премиерно ќе биде изведена кон средината на јуни

Една од двете драмски претстави кои се одобрени со програмата за 2021 година на Центарот за култура во Кичево е драмската претстава на албански јазик „Непотизам“ по текст на Кристо Флоќи и во режија на Рахим Рамадани, премиерно ќе биде изведена кон средината на јуни.

Кичево, 23 април 2021 (МИА) – Една од двете драмски претстави кои се одобрени со програмата за 2021 година на Центарот за култура во Кичево е драмската претстава на албански јазик „Непотизам“ по текст на Кристо Флоќи и во режија на Рахим Рамадани, премиерно ќе биде изведена кон средината на јуни.

Режисерот Рамадани потсети дека деновиве се сретнал со директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи и му било предочено дека до 27 април се стопирани сите активности на театрите во земјава и ако нешто не се промени, потоа може да се планира подоготовка на претставата.

-Драмската претстава „Непотизам“ по текст на Кристо Флоќи според нашите планови, премиерно ќе биде изведена кон средината на јуни, ако останат во важност постоечките мерки, тогаш ќе мораме премиерата да ја подготвиме за некој нареден подоцнежен термин Во спротивно останува првобитно одредениот термин средината на јуни, до кога ни преостанува добро да го подготвиме овој драмски текст, вели режисерот Рамадани и ја потенцира дилемата со која се соочил околу изборот на актерската екипа

– Дилемата околу изборот на актерската екипа, дали тоа да бидат помлади актери или искусен тим е разрешена откако преовлада желбата со млада и амбициозна актерска екипа да се претставиме пред домашната публика, кои ќе настојуваат да се претстават во што подобро светло, додаде режисерот на претставата..

И додека драмската претстава на албански јазик е веќе позната, се уште не е потврдено дали ќе биде прифатена претставата на унгарскиор автор Карољ Сакони „Ако останеш дома“, откако претходно не беше прифатен предлогот драмските аматери од Кичево да ја изведат претставата „Белото Циганче“ од Видое Подгорец, поради бројната актерска екипа на сцена, што се коси со протоколите против Ковид-19. за/рп/

Back to top button
Close
Close