0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

ДПА: Избори треба да има, но во зависност од состојбата со коронавирусот

Демократска партија на Албанците (ДПА) смета дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба, со почитување на препораките.

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Демократска партија на Албанците (ДПА) смета дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба, со почитување на препораките.

– Нашето мислење како ДПА е дека избори треба да има, но во зависност од развојот на коронавирусот. По завршување на вонредна состојба и 22 дена потоа, наш став е дека може да има избори почитувајќи ги препораките од здравствените институции. Претседателот не може да ја тргне вонредната состојба ако не се почитуваат мерките и ако нема образложение од институциите, рече денеска Азем Садику од ДПА по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Тој повика да се почитуваат мерките за заштита од вирусот. мс/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close