Дописници МКДОпштински вести

Дождот поволно ќе се одрази за земјоделското производство во кумановско

Дождовите кои го зафатија регионот поволно ќе се одразат за претстојната сеидба, информираа денеска надлежните од подрачната единица Куманово на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Снег годинава немаше во реонот, но доколку продолжат врнежите од дожд ќе има доволно влага потребна за непречена обработка на почвата.

Куманово 11 февруари 2021 (МИА) – Дождовите кои го зафатија регионот поволно ќе се одразат за претстојната сеидба, информираа денеска надлежните од подрачната единица Куманово на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Снег годинава немаше во реонот, но доколку продолжат врнежите од дожд ќе има доволно влага потребна за непречена обработка на почвата.

– Имајќи предвид дека во изминатиот период наврна поголема количина на дожд, влажноста на почвата позитивно ќе се одрази врз престојната сеидба. Во наредниот период доколку нема снег, а има обилни врнежи на дожд, ќе има доволно влага за обработка на земјиштето и доколку се запазат сите агротехнички мерки во насадите, се очекува добар род за оваа година, изјави раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Насер Даути.

Тој појаснува дека доколку има излевање на реките може да се оштети почвата во близина на реките, но додава дека екипите на водостопанство „Кумановско-Липковско поле“ преземаат мерки за чистење на речните корита.

– Во однос на овошките, во наредниот период следува редовна резидба и примена на зимска заштита со бакарни препарати. Доколу во наредниот период нема појава на мразови и температури под нула степен и доколку се запазат сите агротехничките мерки на насадите се очекува добар род за ова година. Доколку во наредниот период дојде до ниски температури неповолно ќе се одразат кој овошките и лозовиот насад, бидејќи во изминатиот период во март и април од ниските температури во одреден период имаше голема штета кај овоштарниците во одредени локалитети во кумановскиот регион. Се надеваме дека во идните месеци климатските услови да се оптимални, но земјоделците навреме ќе бидат известени од наша страна, изјави Даути.ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close