Дописници МКДОпштински вести

Дождот го врати оптимизмот кај земјоделците од Пијанец

Поради обилните количини дожд што наврна во Пијанечко, се враќа оптимизмот кај овдешните земјоделци. Новите врнежи, според агрономите, донесоа влага, која е доволна да се продолжи со пролетната подготовка на нивите.

Делчево, 8 март 2020 (МИА) – Поради обилните количини дожд што наврна во Пијанечко, се враќа оптимизмот кај овдешните земјоделци. Новите врнежи, според агрономите, донесоа влага, која е доволна да се продолжи со пролетната подготовка на нивите.

– Дождот е добредојден за нивите и за да можат да се извршат земјоделските работи. Досега слаби беа условите за извршување на работите со механизација, но сега препорачуваме, што поскоро за да се искористи подобрениот воден режим на почвата, велат агрономите.

Земјоделците од Пијанец исто така, како што додаваат, периодот го користат за последно кроење на овошките пред претстојното расцветување.

– Периодот е важен за подмладување, просветлување и поставување на костурот на стеблата на овошките. Овие активности најмногу важат за постарите сорти на овошни насади кои земјоделците сакаат да ги подмладат, додаваат агрономите.

Добра вест за овоштарите е тоа што за во наредниот период се навестуваат поволни температури што според познавачите на состојбата, ќе биде добродојдено за развој на поголемиот број овошни насади во Пијанец. вс/рп/

Back to top button
Close
Close