Некатегоризирано

Досега 2.100 заразени со коронавирусот во ЕУ

Во државите членки на ЕУ до денеска претпладне со новиот коронавирус се заразиле 2.100, а 38 починале, соопшти комесарката за здравство на ЕУ, Стела Киријакидес.

Брисел, 2 март 2020 (МИА) – Во државите членки на ЕУ до денеска претпладне со новиот коронавирус се заразиле 2.100, а 38 починале, соопшти комесарката за здравство на ЕУ, Стела Киријакидес.

– Имаме 2.100 регистрирани случаи на коронавирусот во 18 земји-членки на ЕУ, а досега починале 38 граѓани, рече Киријакидес на прес-конференција.

Најголем број починати има во Италија (35), во Франција две лица и една жртва има во Сан Марино.
Во Италија се регистрирани најмногу заразени, речиси 1.700 луѓе. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close