0_Спорт.ПорталФудбал

Дортмунд пред разделба со уште еден фудбалер

Талентираниот Скандинавец сезонава има само 64 минути во првата лига, а тие се поделени на 4 натпревари, а за времето во кое играше, тој беше во можност да асистира за еден гол. Ова е огромен чекор назад од минатата сезона кога Ларсен играше на вкупно 24 натпревари во Бундеслигата.

Дортмунд, 31 јануари 2020 (МИА) – Борусија Дортмунд ќе се раздели со уште еден играч откако вчера Пако Алкасер беше продаден на Виљареал. Сега на агендата е Jaкоб Брун Ларсен, кој е трансфер цел на друг клуб од германската елита – Хофенхајм. 21-годишниот Данец се очекува да ја смени клупската припадност пред крајот на денот, но не на закуп, туку на постојан трансфер.

Талентираниот Скандинавец сезонава има само 64 минути во првата лига, а тие се поделени на 4 натпревари, а за времето во кое играше, тој беше во можност да асистира за еден гол. Ова е огромен чекор назад од минатата сезона кога Ларсен играше на вкупно 24 натпревари во Бундеслигата.

Крилото премина на „Сигнал Идуна парк“ во 2015 година, кога тој сè уште беше тинејџер, а по две години го направи своето деби за сениорскиот тим.

Таг
Back to top button
Close
Close