0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Дортмунд и официјално се пофали со Тома Муние

Интересно е што раководството на Борусија продолжува да тврди дека во исто време ќе се обиде да го задржи Ашраф Хакими, кој веќе две сезони играше на позајмица кај „жолто-црните“ од Реал Мадрид.

Дортмунд, 25 јуни 2020 (МИА) – Борусија (Дортмунд) и официјално го објави трансферот на Тома Муние. Десниот бек пристигнува на „Сигнал Идуна Парк“ како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Пари Сен Жермен истекува на крајот на месецот, а Белгиецот одби да го продолжи и да остане за натпреварите во Лигата на шампионите. Договорот на 28-годишниот Муние со Борусија е за четири сезони.

Интересно е што раководството на Борусија продолжува да тврди дека во исто време ќе се обиде да го задржи Ашраф Хакими, кој веќе две сезони играше на позајмица кај „жолто-црните“ од Реал Мадрид.

– За мене е голема чест да го објавам договорот со Борусија. Ново поглавје се отвора за нас – за вас и за мене. Која чест е да го носам „жолто црниот“ дрес, напиша Муниер на Твитер.

Борусија го игра фудбалот што ми се допаѓа – возбудлив, автентичен и природен, посочи тој.

– Клубот е познат по своите ентузијастички навивачи. Атмосферата за време на натпреварот со ПСЖ на „Сигнал Идуна Парк“ влијаеше на мојата одлука, изјави Белгиецот за страницата на Дортмунд.

Таг
Back to top button
Close
Close