0_Македонија.ПорталБизнис.ПорталЕкономијаОригинални текстови

Дополнителниот заменик-министер Трипуновски на средби со граѓани во Тиквешко

Денеска сум согласно моите теренски активности во посета на Тиквешкиот регион. Пред малку завршив со средба со граѓани во Росоман. Моментално сум во Кавадарци и од тука заминувам во Неготино. Она што сакам да го потенцирам на граѓаните од овој дел е дека изминативе три години беа најлошите години во секторот земјоделство.

21 јуни 2020 

Денеска сум согласно моите теренски активности во посета на Тиквешкиот регион. Пред малку завршив со средба со граѓани во Росоман. Моментално сум во Кавадарци и од тука заминувам во Неготино. Она што сакам да го потенцирам на граѓаните од овој дел е дека изминативе три години беа најлошите години во секторот земјоделство.

Само за потсетување предизборието 2016-та година тогашниот предводник на Владата на СДСМ, Зоран Заев ветуваше овде во Тиквешкиот регион дека ќе има сигурен пласман на винското грозје дека цените ќе се знаат неколку месеци пред почетокот на откупната сезона, дека ќе се инвестира во системите за наводнување, дека ќе има гарантен фонд кој што ќе го формира државата се со цел да се пласираат земјоделските производи навремено, дека субвенциите ќе се зголемат, дека ќе инвестираат во зелена нафта. Од она што денеска можеме да го заклучиме со сите оние показатели кои што ги имаме позади нас, и дека од тоа нема ништо. Значи се што беше ветено остана само на хартија напишано, а во реалниот сектор ништо не се случи.

Денеска разговараме со граѓаните од Кавадаречкиот регион и Тиквешијата и за претстојната сезона на откупот на винското грозје, гледаме дека се уште Министерството и актуелниот министер Трајан Димковски нема покренато ниту една активност што ќе значи подготовка на новата реколта. Јас иницирав како дополнителен заменик министер допис до сите винарски визби да ги утврдиме залихите на вино, да поразговараме, да седнеме на иста маса да видиме дали им треба некаква помош, во изминатиов период согласно оваа пандемија која што го зафати светот. И нормално од друга страна сме во постојана комуникација со лозарите. Меѓутоа што во моментов сакам да го потенцирам е дека целата одговорност за актуелните земјоделски политики е кај Зоран Заев и Владата на СДСМ.

Исто така сакам да им порачам на сите земјоделци од Тиквешкиот регион е дека доаѓаат подобри времиња за земјоделците. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има сериозна програма која што ќе значи сериозна помош кон сите земјоделци, конкретно на лозарите и овоштарите од овој регион. Согласно политичките активности кога ќе почне официјалната кампања ќе ги презентирам подетално, меѓутоа она што сакам да ги уверам дека земјоделците нема да бидат потценувани како изминативе три години. Тие секогаш биле во нашите приоритети и ќе останат во иднина нашиот прв приоритет.

Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Изјава, 21.06.2020

Денеска согласно моите теренски активности сум во посета на Тиквешкиот регион. Пред малку завршив со средба со граѓани во Росоман. Моментално сум во Кавадарци и од тука заминувам во Неготино.Она што сакам да го потенцирам на граѓаните од овој дел е дека изминативе три години беа најлошите години во секторот земјоделство.Само за потсетување во предизборието 2016-та година Зоран Заев ветуваше овде во Тиквешкиот регион дека ќе има сигурен пласман на винското грозје, дека цените ќе се знаат неколку месеци пред почетокот на откупната сезона, дека ќе се инвестира во системите за наводнување, дека ќе има гарантен фонд кој што ќе го формира државата се со цел да се пласираат земјоделските производи навремено, дека субвенциите ќе се зголемат, дека ќе инвестираат во зелена нафта. Од сето тоа нема ништо.Сакам да им порачам на сите земјоделци од Тиквешкиот регион дека доаѓаат подобри времиња за земјоделците. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ има сериозна програма која што ќе значи сериозна помош кон сите земјоделци, конкретно на лозарите и овоштарите од овој регион.

Posted by Цветан Трипуновски on Недела, 21 јуни 2020

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close