0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Дополнителниот заменик-министер Петровска во работна посета на СВР Битола

Актуелните состојби со криминалитетот на подрачјето на СВР Битола и на околните полициски организациски единици, како и подготовките на полициските службеници запретстојните парламентарни избори беа тема на разговор на денешната работна средба во Битола на дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска со раководството на СВР Битола и со раководствата на ОВР Демир Хисар и ОВР Ресен, на Полициското одделение Новаци и на ПС за ГН Меџитлија и ПС за ГН Стење.

Скопје, 11март 2020 (МИА) – Актуелните состојби со криминалитетот на подрачјето на СВР Битола и на околните полициски организациски единици, како и подготовките на полициските службеници за претстојните парламентарни избори беа тема на разговор на денешната работна средба во Битола на дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска со раководството на СВР Битола и со раководствата на ОВР Демир Хисар и ОВР Ресен, на Полициското одделение Новаци и на ПС за ГН Меџитлија и ПС за ГН Стење.

Притоа, информираат од МВР, особено беше апострофирана ефикасноста во работењето на Секторот за внатрешни работи Битола, кој од 2017 година наваму, од година во година бележи значителни позитивни резултати и по однос на откривањето и расчистувањето на кривичните дела, но и по однос на нивното статистичко намалување, во речиси сите видови криминал.

Покрај фактот за одличните професионални постигнувања на СВР Битола во изминатиот период, Петровска беше информирана и за актуелните подготовки на полициските службеници за непречано и мирно одржување на изборниот процес. Притоа, како што нагласи, Петровска полицијата има една од клучните задачи во креирањето на мирна и демократска атмосфера во која граѓаните ќе можат непречено да го остварат своето право на слободен избор. вј/скс/

Back to top button
Close
Close