БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Дополнителни мерки во Грција, по 45-те потврдени случаи на новиот коронавирус

Надлежната комисија од Министерството за здравство на Грција ќе одлучи за дополнителни рестриктивни мерки за местата за јавните собири, Министерството за образование на Грција утре ќе излезе со соопштение за евентуално затворање на училишта, а Министерствата за финансии, развој и труд во понеделник ќе ги соопштат економските мерки за погодените региони од коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 7 март 2020 (МИА) – Надлежната комисија од Министерството за здравство на Грција ќе одлучи за дополнителни рестриктивни мерки за местата за јавните собири, Министерството за образование на Грција утре ќе излезе со соопштение за евентуално затворање на училишта, а Министерствата за финансии, развој и труд во понеделник ќе ги соопштат економските мерки за погодените региони од коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска одржа состанок со надлежните министри на кој беше оценета ситуацијата во јавното здравје и последиците врз економијата по 45те потврдени случаи на Ковид-19 во Грција.

Од кабинетот на Мицотакис соопштија дека дополнителните мерки ќе ги објават надлежните министерства.

-Од Министерството за здравство по состанокот на надлежната комисија, ќе се донесе одлука за дополнителни рестриктивни мерки за јавните места за собири. Исто така, ќе се разгледа кога и кои училишни единици треба да прекинат со работа. За училиштата соопштенија ќе има утре. Министерствата за финансии, развој и труд ќе ги конкретизираат и во понеделник, заеднички ќе ги објават мерки во економијата за областите погодени од рестриктивните мерки на владата за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија од кабинетот на Мицотакис.

На состанокот одржан во премиерската палата, учествуваа министри од осум министерства (за финансии, развој, за здравство, труд, образование, за внатрешни работи, туризам и дигитално управување) тројца заменици министри, двајца генерални секретари, претседателот на Националната организација за јавно здравје, како и професорот по епидемиологија и претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close