Дописници МКДОпштински вести

Дополнети резервите со нафта во воспитно-образовни установи во Делчево

Делчевските воспитно-образовни установи ги дополнуваат резервите со нафта, со што подготвено го дочекаа второто полугодие од учебната 2019/20 година.

Делчево, 27 јануари 2020 (МИА) – Делчевските воспитно-образовни установи ги дополнуваат резервите со нафта, со што подготвено го дочекаа второто полугодие од учебната 2019/20 година. Во деветолетката „Св.Климент Охридски“ и во второто полугодие како што соопштија од училиштето, учениците ќе се греат на нафта, освен во подрачните училишта каде греењето се одвива на дрвна маса.
-Ја имаме набавено потребната количина на огревно дрво за второто полугодие во сите подрачни училишта, а дополнително во зависност од потребите, согласно претходно направениот тендер и договор ќе бидат набавено нови количини огревно дрво. Што се однесува до централното училиште денес пристигнаа и нови количини нафта за загревање во второто полугодие, изјавија од училиштето.
Слична е состојбата и во општинското основно училиште „Ванчо Прке“,од каде не очекуваат поголеми проблеми со греењето во второто полугодие.
-Како што информиравме и на почетокот на грејната сезона, имаме склучено договор по тендер за набавка на нафта за загревање на училишните простории во централното училиште, додека во подрачните училишта загревањето е со огревно дрво, кое го имаме набавено по претходен тендер и договор со ЈП Македонски Шуми – подружница „Голак“. За второто полугодие дополнети се резервите и со нафта и со огревно дрво, така што кога е затоплувањето на училиштето во прашање, не очекуваме проблеми, соопштија од ООУ ,,Ванчо Прке”.
Вкупно во двете општински основни училишта во првото полугодие, потрошувачката изнесуваше околу 100 кубика дрвна маса и 60 тони нафта, а како што дополнија од двете деветолетки дополнително ќе се прават пресметки за второто полугодие. вс/ир

Таг
Back to top button
Close
Close